Екипата на Овче Поле Славјански Универзитет, која има високи амбиции за следната сезона во Женската Супер лига се засили со две ракометарки.
Клубот ги врати во своите редови и пикерот Елена Вучевска, како и центарот Наталија Манева, кои минатата сезона настапуваа за Астибо.
Со нивното враќање, тимот добива значителен квалитет и стабилност во играта, што претставува важен чекор кон поставените цели за новата натпреварувачка година.

(фото – ЖРК Овче Поле Славјански Универзитет)📷