Официјално тимот на Куманово го продолжи договорот со бразилскиот ракометар Гилерме Да Силва Фернандес кој настапува на позиција десен бек.
Ракометарот во Куманово пристигна во јануарскиот преоден рок на почетокот на оваа година од бразилското првенство од тимот на Сао Каетано, а претходно настапуваше и во португалскиот шампионат за екипата на Артистик Аванка.
Со своите настапи во вториот дел од сезоната Бразилецот ги оправда очекувањата на стручниот штаб и управата на клубот по што му е продолжена соработката со македонскиот суперлигаш и во наредната сезона ќе го гледаме во дресот на Куманово.

(фото – МРК Куманово)📷