Тимот на Куманово во македонската ракометната јавност е познат и по работата со младинските ракометни школи во сите возрасни категории.
Напорниот труд посветеноста и ангажираноста дава резултати, а потврда за квалитетот на кумановската ракометна иднина покажува и официјалното промовирање на младите ракометари во првиот тим на македонскиот суперлигаш.
Во првиот тим на МРК Куманово се приклучуваат: Тино Стојановски 2007 година, Јован Насевски 2007 година, Андреј Петровски 2007 година, Стефан Лазаревски 2007 година, Андреј Арсовски 2008 година, Христијан Вуичевски 2008 година, Михаил Петрушевски 2008 година, Дарио Антевски 2008 година, Драган Петрушевски 2008 година, Предраг Митрички 2008 година, Ангел Арсовски 2008 година и Владимир Мицевски 2009 година.

(фото – МРК Куманово)📷