Раководството на Ракометната Федерација на Македонија (РФМ) оствари работна посета во седиштето на Светската ракометна федерација (ИХФ) во Базел, Швајцарија.
На средбата се дискутираше за продлабочување на идната соработка помеѓу двете федерации, со фокус на развојот и промоцијата на ракометот во Македонија.
Оваа посета претставува уште еден значаен чекор во амбициите на РФМ за унапредување на македонскиот ракомет на меѓународната сцена.


(фото – РФМ)📷