Борјан Цековски се врати во екипата на Куманово

Екипата на Куманово во своите редови официјално на располагање за наредната сезона ќе го има младиот и талентиран 19 годишен ракометар Борјан Цековски.

Играчот кој настапува на позицијата пивот се враќа во клубот од каде во јануари оваа година замина на позајмица во редовите на Младост од Богданци.

Во својата кариера настапуваше за екипите на КЛ7 Свети Николе, Овче Поле, Радовиш и Куманово.

(фото – МРК Куманово)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *