Скопје добива нов ракометен бренд под името Драчево Јуниор

Во новата сезона 2025/2026 во Првата лига ќе има нов клуб, откако два машки клубови ќе направат фузија во еден.

Станува збор за екипите на Драчево и Јуниор Кисела Вода. Новото име на клубот ќе биде Драчево Јуниор.

Драчево Јуниор натпреварите ќе ги игра во салата ОУ “Круме Кепески”. Тренер на екипата ќе биде Велимир Настевски, додека спортски директор ќе биде Илија Чокрев, а претседател ќе биде Ристо Чокрев.

(фото – Рк Драчево)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *