Екипата на Куманово, која има високи амбиции за следната сезона во Женската Супер лига го продолжи договорот со актуелна ракометарка.
Станува збор за ракометарката Ангела Шехтанска, која и следната сезона ќе настапува во дресот на Куманово.
Ракометарката Ангела Шехтанска настапува на позицијата среден бек и има настапувано и за екипата на Вардар.

(фото – ЖРК Куманово)📷