Јован Даневски потпиша за Еурофарм Пелистер 2

Засилувањата со репрезентативно педигре и натаму се цел на новиот суперлигаш Еурофарм Пелистер 2.

Деснoто крило на младинската репрезентација на Македонија, Јован Даневски, е нов член на Еурофарм Пелистер 2. Се работи за 21-годишен кумановчанец, кој до пред еден месец настапуваше за ГРК Тиквеш.

Даневски ќе ја засили конкуренцијата на позицијата десно крило и ќе му се стави на располагање на тренерот Александар Зарков на крајот од месец јули на почетокот на подготовките за сезоната 2025/26.

Неговото претставување е предвидено веднаш по почетокот на припремите во клубот. 

(фото – Рк Еурофарм Пелистер 2)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *