Денеска во седиштето на Европската ракометна федерација (ЕХФ) се изврши ждрепката за Лигата на Европа во машка и женска конкуренција.
Екипата на Алкалоид против бундеслигашот Хановер ќе игра за место во групната фаза на Лигата на Европа.
Првиот меч се игра на гости во Германија (30/31 август) додека реваншот е во Скопје (6/7 септември).

(фото – Рк Алкалоид)📷