Женската младинска репрезентација на Македонија забележа победа против селекцијата на Литванија со резултат 39-38 и го освои 23. место на Европското првенство за младинки.
Во текот на целиот натпревар беше неизвесно, иако Литванија имаше последен напад за реми сепак не погоди и Македонија славеше победа.
Најефикасни во селекцијата на Македонија беа Исидора Котевска и Леона Миленкоска со по девет гола.
(фото – РФМ)📷