Еурофарм Пелистер ги пушти во продажба сезонските билети

Од денеска започнува продажбата на сезонските билети за сите симпантизери и поддржувачи на Еурофарм Пелистер.

Со сезонскиот билет ќе може да ги следите натпреварите на Еурофарм Пелистер во тековната македонска ракометна Супер лига каде се очекуваат голем број дерби натпревари, исто така натпревари од Купот на Македонија и најбитното натпреварите од Лигата на шампиони каде меѓу другите доаѓа актуелниот освојувач на лигата Магдебург, славната Барса со Дика Mем, ПСЖ со Стаинс, Шипжак, Пранди…

Исто ќе можете да ги следите натпреварите на вториот тим Еурофарм Пелистер 2 составен од голем број кадетски и младински репрезентативци.

Цената на билетите е 7000 денари за централниот дел од трибината, додека 6000 денари е за страничниот дел од трибината.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *