Екипата на Охрид, која во новата сезона ќе настапува во Европскиот Куп во второто коло двата натпревари ќе ги одигра на домашен терен.
Тимот на Охрид за противник во Европскиот Куп го има тимот на Баку од Азербејџан, па така двата натпревари ќе се одиграат во “Билјанини Извори”, во Охрид.
Првиот натпревар меѓу екипите на Охрид и Баку ќе се одигра на 11 октомври, додека вториот ќе се одигра на 12 октомври.
(фото – ГРК Охрид)📷