Шампионот на Македонија во ракомет, Еурофарм Пелистер, отпочнува нова акција во која ќе ги обедини на едно место своите легенди.
Клубот ги повикува сите битолчани и поранешни ракометари на Рк Пелистер, Рк Пелагонија, Рк Работник, Рк Еурофарм Работник и Рк Еурофарм Пелистер со најмалку 101 натпревар за битолските клубови да бидат дел од натпреварите во сезоната 2025/26.
На секој ракометар од Битола со најмалку 101 натпревар клубот ќе му подари сезонски билет за цела нова сезона и ќе му гарантира место во спортската сала „Боро Чурлевски“ на сите натпревари на Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2.
Сите легенди кои ќе учествуваат во акцијата можат своите сезонски билети да ги подигнат во канцеларијата на Еурофарм Пелистер најдоцна до 5 септември 2025 година.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷