Екипата на Аминтас од Грција, која се натпреварува во Втората лига за новата сезона се засили со тројца ракометари од Македонија.
Станува збор за ракометарите Стефан Лозаноски, Синиша Павлов и Владимир Трајкоски кои потпишаа договор со Аминтас за новата сезона.
Стефан Лозаноски и Владимир Трајкоски претходно беа дел од екипата на Аеропос Едеса, додека Синиша Павлов доаѓа од редовите на Фруит Ленд Борец.
Лозаноски и Трајкоски настапуваат на лев и среден бек, додека Павлов настапува на позицијата десен бек.

(фото – Рк Аминтас)📷