Во рамки на Европското првенство за кадетки се одржа едукативната програма “Почитувај го својот талент”, организирана од страна на Европската ракометна федерација (ЕХФ).
На овој настан присутни беа ракометарките Марија Дуновска, Таида Беровиќ, Марија Димоска, Елена Балоска и Драгана Тодоровска.
Програмата беше водена од ракометните легенди Андреа Лекиќ, Катерина Булатовиќ и Барбара Аренхарт.

(фото – РФМ)📷