Екипата на Металург Автокоманда, која има високи амбиции за новата сезона во Женската Супер лига се засили со нова ракометарка.
Станува збор за ракометарката Сара Цветановска, која настапува на позицијата пикер и доаѓа од редовите на Куманово.
“Сара доаѓа со богато искуство и цврстина која е клучна на линијата на шест метри. Со својата борбеност, спортски дух и посветеност, веруваме дека ќе биде значајна алка во нашиот состав и ќе даде силен придонес во борбата за врвот”, – објавија од ЖРК Металург Автокоманда на социјалните мрежи.

(фото – ЖРК Металург Автокоманда)📷