Екипата на Овче Поле од Свети Николе ги стартуваше подготовките за новата сезона во Првата лига.
Тимот на Овче Поле за новата сезона има високи амбиции во Првата лига, каде е засилен со неколку нови имиња кои во следниот период треба да бидат промовирани.
Составот на Овче Поле подготовките ќе ги одвива во Свети Николе, каде ќе одигра неколку пријателски натпревари до почеток на првенството во Првата лига.


(фото – ГРК Овче Поле 1958)📷