Екипата на Еурофарм Пелистер, која има високи амбиции за новата сезона го продолжи договорот со актуелен ракометар.
Мирче Калајџиески се обврза на верност со Еурофарм Пелистер до јуни 2029 година, со што ја прифати подадената „рака“ од клубот да биде дел од следниот проект.
21-годишниот среден бек од Словенија дојде во Битола и веднаш се наметна во една ипол сезона во дресот на Еурофарм Пелистер 2. Од оваа сезона е член на Еурофарм Пелистер и веќе е стандарден член во тимот предводен од Рубен Гарабаја.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷








