Регионалниот ракометен турнир вечерва, пред одигрувањето на натпреварот помеѓу Вардар и Ловќен, беше свечено отворен со говор на претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Александар Стефанов, кој им посака добредојде на сите учесници, многу среќа и успех на претстојните натпревари.
Тој истакна дека е големо задоволство Македонија да биде дел од ваков значаен и голем настан.
По него, свои обраќања имаа и министерот за спорт на Република Србија, Зоран Гајиќ, како и министерот за спорт на Македонија, Борко Ристовски, кои потенцираа дека е вистинско богатство што министерствата успеале заеднички да организираат еден ваков турнир и им посакаа на сите учесници успешни натпревари.
(фото – РФМ)📷