Екипата на Алкалоид ја започнува новата сезона со настап во квалификациите во Лигата на Европа.
Тимот на Алкалоид ќе игра против Хановер во квалификациите за Лигата на Европа. Првиот натпревар се игра во Германија (Хановер), во салата “Свис Лајф Хол”.
Вториот натпревар ќе се одигра во Скопје (Македонија), во салата “Автокоманда”, каде Алкалоид ќе биде домаќин.
Натпреварот меѓу Хановер и Алкалоид кој се игра на 31 август во недела со почеток од 17:00 часот ќе биде пренесуван на МРТ 1.
(фото – Рк Алкалоид)📷