Интервју со тренерот на ГРК Охрид, Борис Ројевиќ

Продолжуваме со серијата на интервјуа, овој пат направивме интервју со тренерот на ГРК Охрид, Борис Ројевиќ.

1. Во новата сезона ќе го предводиш тимот на Охрид, за првпат водиш екипа од Македонија, како е да си тренер на македонски клуб?

  • Навистина е одлично чувство да се биде во Македонија – земја која искрено го сака и живее за ракомет. Градот Охрид има богата спортска традиција и горд сум што сум дел од еден сериозен проект.

2. Какви се амбициите на Охрид за новата сезона?

  • Клубот Охрид има јасни амбиции – стабилност во домашното првенство и постојан напредок на меѓународната сцена. Сите во клубот работат посветено со иста цел – Охрид да расте од сезона во сезона.

3. Во Европскиот Куп очекуваш Охрид да оди во наредна фаза?

  • Имаме јасна желба да минеме во следната рунда од Европскиот Куп. Верувам во тимот и во нашата работа, но истовремено имаме максимален респект кон секој противник. Само со сериозен пристап може да се постигне успех.

4. Дали според тебе лигата во Македонија е најдобра на Балканот?

  • Македонската лига е една од најорганизираните и најквалитетните на Балканот. Има одлични клубови, добри тренери и силна ракометна култура. Голема чест е да се биде дел од тоа натпреварување.

5. Што ќе изјавиш за крај на интервјуто?

  • На крај, им посакувам успешна и фер сезона на сите екипи, без повреди.

(фото – ГРК Охрид)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *