Иван Чупиќ: Сакам играчите да бидат целосно фокусирани на своите задачи, без притисок и алиби

Екипата на Вардар ја очекува натпревар против екипата на Еурофарм Пелистер од Супер Купот на Македонија.

За овој натпревар своја изјава имаше и тренерот на Вардар, Иван Чупиќ, каде очекува позитивен резултат од Супер Купот.

 „Почнува борбата за Суперкупот. Имавме малку време да се рекуперираме, а во последно време игравме многу и немавме доволно тренинг, плус се мачиме со повреди. Но, што е тука е – знаеме дека мораме и можеме подобро. Сакам играчите да бидат целосно фокусирани на своите задачи, без притисок и алиби. Играчот што носи дрес на Вардар мора да знае дека тоа е привилегија и обврска. Го почитуваме Пелистер како актуелен шампион, но очекувам поагресивен и подисциплиниран Вардар. Утрешниот меч е сосема различен од пријателските – тоа е борба за трофеј, пред полна сала, и сигурен сум дека ќе видиме вистински ракометен спектакл“, – изјави тренерот на Вардар, Иван Чупиќ.

(фото – Рк Вардар 1961)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *