Екипата на Еурофарм Пелистер и во новата сезона ќе биде дел од Лигата на шампионите, каде во среда го игра првиот натпревар против Загреб.
Од Еурофарм Пелистер на социјалните мрежи објавија дека е започната продажбата на билетите за натпреварот со Загреб.
Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Загреб ќе се одигра во среда со почеток од 20:45 часот во салата “Боро Чурлевски”, во Битола.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷