Екипата на Тинекс Пролет направи сензација, откако на домашен терен го совлада тимот на Тиквеш со конечни 22-19 во Супер лигата.
Составот на Тинекс Пролет во текот на целиот натпревар водеше, па така на крај успеа да го надигра тимот на Тиквеш.
Најефикасен во редовите на Тинекс Пролет беше Никола Стоилевски со седум гола, додека кај екипата на Тиквеш најефикасен беше Димитар Коцев со пет гола.
(фото – Рк Тинекс Пролет)📷