Ѓорче Петров победнички против Куманово

Ракометарките на Ѓорче Петров забележаа висока и убедлива победа против ракометарките на Куманово со резултат 31-21 во Женската Супер лига.

Иако тимот на Куманово добро парираше, сепак тимот на Ѓорче Петров со добра игра успеа да слави победа.

Најефикасни во редовите на Ѓорче Петров беа Катерина Дамјаноска и Емилијана Ризоска со по седум гола, додека кај Куманово најефикасна беше Мариана Силва Азеведо со десет гола.

(фото – ЖРК Ѓорче Петров)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *