Селекторот на женската сениорска ракометна репрезентација, Кристијан Грчевски го објавува списокот на ракометарки повикани за собир и подготовки за претстојната женска ЕХФ национална недела во период од 15.09.2025 до 21.09.2025 година.
Во рамки на претстојната женска ЕХФ национална недела нашата селекција ќе настапи на Трофеј Македонија кој ќе се одржи во период од 18ти до 20ти септември.
На трофеј Македонија, кој ќе се игра во Охрид ќе настапат селекциите на Тунис, Египет, Грција и Македонија.
Собирот е закажан за ден 15.09.2025 (понеделник), со почеток во 09:00 часот од пред канцелариите на Ракометна Федерација на Македонија.

(фото – РФМ)📷