Ракометарите на Охрид забележаа убедлива победа во “езерското дерби” против Струга со високи 40-16 во 2. коло од Супер лигата.
Составот на Охрид уште на полувреме имаше високи 24-7, па така второто полувреме беше само формалност да се завери високата победа против Струга.
Најефикасни во редовите на Охрид беа Гал Цирар и Никола Ристески со по седум гола, додека кај Струга најефикасен беше Стефан Атанасовски со шест гола.
(фото – ГРК Охрид)📷