Екипата на Партизан Гевгелија забележа победа на гостувањето кај екипата на Кичево 2020 со резултат 43-31 во Првата лига.
Тимот на Партизан Гевгелија и на полувреме имаше водство од 19-13, па така во второто полувреме ја завери победата против Кичево 2020.
Најефикасен кај екипата на Партизан Гевгелија беше Горан Лисичков со 11 гола, додека кај екипата на Кичево 2020 најефикасен беше Стефан Стефаноски со 16 гола.
(фото – Рк Партизан Гевгелија)📷