Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги делегираше судиите за 3. коло од групната фаза од Лигата на шампионите во машка конкуренција.
Македонската судиска двојка Ѓорѓи Начевски и Славе Николов ќе го судат натпреварот меѓу Киелце и Фуксе Берлин, додека делегат ќе биде Предраг Павичевиќ од Црна Гора.
Натпреварот меѓу Киелце и Фуксе Берлин ќе се одигра на 25 септември во Полска со почеток од 18:45 часот.
(фото – Архива)📷