Тимот на Вардар напорно се подготвува за првиот домашен натпревар сезонава во рамки на Супер лигата, кој ќе го одигра оваа сабота против екипата на Охрид.
“Ни следува важен натпревар против тежок противник кој најави присуство и на своите навивачи, но веруваме дека со борбена игра и со голема поддршка од трибините, на крај сепак ќе се радуваме на победата”, – објавија од Рк Вардар 1961.
Поради технички причини, натпреварот меѓу екипите на Вардар и Охрид ќе се одигра во СЦ ,,Борис Трајковски”.
Билетите за натпреварот ќе изнесуваат 150 денари, а онлајн продажбата ќе започне утре во 12:00 часот.
(фото – Рк Вардар 1961)📷