Ракометарот Тео Спировски потпиша договор со екипата на Еурофарм Пелистер на четири години до 2029 година.
Продолжува тенденцијата на потпишувањето договори со најталентираните играчи од младинските школи.
Уште еден играч доби договор на четири години од матичниот клуб, се работи за левиот бек Тео Спировски, кој минатата година беше дел од тимот кој стана кадетски шампион, како и од тимот кој настапуваше на младинскиот фајналфор од лигата на шампиони.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷