Екипата на Охрид ја очекува дерби натпревар на гостински терен против екипата на Вардар во 3. коло од Супер лигата.
За овој натпревар своја изјава имаше и ракометарот на Охрид, Анте Иванковиќ, каде изјави дека неговиот тим ќе атакува на позитивен резултат.
“Во Скопје како и против Алкалоид доаѓаме мотивирани. Вардар е добра екипа со физички силни играчи. Имаме доста време за работа, подготовки и анализа на противникот. Очекувам тврд и машки натпревар, со силна одбрана на двете страни. Покажавме дека знаеме да играме со квалитетни противници, не очекувам ништо помалку ни сега и ќе продолжиме така на секој меч”, – изјави ракометарот на Охрид, Анте Иванковиќ.

(фото – ГРК Охрид)📷