Поранешниот судија, а сега актуелен делегат Марјан Начевски доби функција во Европската ракометна федерација (ЕХФ).
Марјан Начевски ќе биде член во Комисијата за жалби на ЕХФ, во периодот од 2025 до 2029 година, поточно тој доби четиригодишен мандат.
“Честитки и посакуваме успешна и плодна работа во новиот мандат”, – објавија од РФМ на социјалните мрежи.

(фото – РФМ)📷