Во продажба се пуштени билетите за натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и ГОГ Гудме во Лигата на шампионите.
Билетите чината 450 и 550 денари во зависност од местото на седење во салата “Боро Чурлевски”.
Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и ГОГ Гудме ќе се одигра на 24 септември во среда со почеток од 20:45 часот во салата “Боро Чурлевски”, во Битола.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷