Екипата на Овче Поле од Свети Николе забележа победа на гостувањето кај Македонија Ѓорче Петров со минимални 29-28 во Првата лига.
Иако тимот на Македонија Ѓорче Петров имаше напад за реми, сепак не погоди и Овче Поле прослави победа.
Најефикасен во редовите на Овче Поле беше Кирил Буровски со осум гола, додека кај Македонија Ѓорче Петров најефикасен беше Бојан Чакалиќ со седум гола.
(фото – ГРК Овче Поле 1958)📷