Давид Савревски: Против Еурофарм Пелистер 2 влегуваме максимално концентрирани и мотивирани

Екипата на Охрид ја очекува натпревар од 4. коло од Супер лигата против екипата на Еурофарм Пелистер 2 на гостински терен.

За овој натпревар своја изјава имаше и ракометарот на Охрид, Давид Савревски, каде изјави дека неговиот тим ќе атакува на позитивен резултат.

“Во сабота играме против Еурофарм Пелистер 2, нашиот противник не смее да се потцени, бидејќи ќе се бори до последната минута. Ние влегуваме максимално концентрирани и мотивирани, со добра игра одиме на победа”, – изјави ракометарот на Охрид, Давид Савревски.

(фото – ГРК Охрид)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *