Екипата на Бутел Скопје забележа победа на гостувањето кај екипата на Куманово со конечни 27-24 во Супер лигата.
Тимот на Бутел Скопје добро го започна натпреварот, па на полувреме замина со водство од 15-14.
Во второто полувреме Куманово парираше, но сепак бодовите ги освои екипата на Бутел Скопје.
Најефикасен во редовите на Бутел Скопје беше Филип Николов со седум гола, додека кај Куманово најефикасен беше Давид Димевски исто така со седум гола.
(фото – Рк Бутел Скопје)📷