Ракометарите и стручниот штаб на Алкалоид беа дел од пикникот за вработените на компанијата „Алкалоид“ кој традиционално имаше и хуманитарен карактер.
Настанот се организира од 2011 година под закрила на Фондацијата „Трајче Мукаетов“, а се обезбедија 1,8 милиони денари кои преку Црвениот крст ќе бидат наменети за социјалните сервиси за стари лица.
Општествената одговорност е долгогодишен дел од традицијата на компанијата „Алкалоид“. Покрај во спортот, компанијата се залага и за подобрување, унапредување и за развој на заедницата во која дејствуваме.
(фото – Рк Алкалоид)📷