Екипата на Алкалоид забележа висока и убедлива победа против екипата на Прилеп со конечни 47-21 во натпревар од Супер лигата.
Составот на Алкалоид уште на полувреме имаше високо водство од 23-10, па така на крај да слави против Прилеп.
Најефикасен во редовите на Алкалоид беше Емилија Ѓорговски со осум гола, додека кај Прилеп најефикасни беа Денис Шабановиќ и Божидар Лековиќ со по четири гола.
(фото – Рк Алкалоид)📷








