Екипата на Охрид забележа победа на домашен терен против екипата на Тиквеш со конечни 24-19 во Супер лигата.
Составот на Охрид уште во првото полувреме имаше високо водство, па на полувреме замина со резултат 15-5.
Во второто полувреме продолжи водството на Охрид, па на крај да го совлада тимот на Тиквеш.
Најефикасен во редовите на Охрид беше Николас Лиапис со пет гола, додека кај екипата на Тиквеш најефикасен беше Димитар Коцев исто така со пет гола.
(фото – ГРК Охрид)📷








