Екипата на Струга ја забележа првата победа во Супер лигата, откако го совлада тимот на Радовиш со резултат 27-24.
Составот на Струга го имаше водството во текот на целиот натпревар, па на крај да слават победа против Радовиш.
Најефикасен во редовите на Струга беше Наум Костов со седум гола, додека кај Радовиш најефикасен беше Здраво Постолов исто така со седум гола.
(фото – Кочо Сотировски)📷








