Екипата на Тиквеш забележа победа на гостувањето кај екипата на Еурофарм Пелистер 2 со резултат 23-17 во Супер лигата.
Ракометарите на Тиквеш имаа добра игра во текот на целиот натпревар, па на крај да го совладаа тимот на Еурофарм Пелистер 2.
Најефикасен во редовите на Тиквеш беше Димитар Коцев со четири гола, додека кај Еурофарм Пелистер 2 најефикасен беше Ненад Белистојаноски исто така со четири гола.
(фото – ГРК Тиквеш 2014)📷








