Ракометниот караван организиран од Ракометната Федерација на Македонија (РФМ) продолжува во Прилеп.
На 14 октомври со почеток од 12:30 часот во салата “Добре Јованоски”, во Прилеп ќе биде следната станица на ракометниот караван организиран од Ракометната Федерација на Македонија.
Специјални гости на настанот ќе бидат ракометарот на Прилеп, Димитар Димитриоски, тренерот на Бутел Скопје, Горан Кузманоски и судијката Силвана Карбеска.









