Екипата на Стружанка од Струга за продолжението од сезоната во Женската Прва лига се засили со нова ракометарка.
Станува збор за ракометарката Еџе Сејадин која во продолжението од сезоната ќе го носи дресот на Стружанка.
Ракометарката Еџе Сејадин доаѓа од редовите на Младост од Ресен, а таа освен за сениорките ќе настапува и за кадетките на Стружанка.

(фото – Инстаграм/Еџе Сејадин)📷








