Екипата на Ѓорче Петров 2 забележа висока победа против екипата на Стружанка со конечни 45-18 во Женската Прва лига.
Составот на Ѓорче Петров 2 уште на полувреме имаше висока предност од 25-8, па на крај да слави победа против Стружанка.
Најефикасна во редовите на Ѓорче Петров 2 беше Кристина Наумовска со 11 гола, додека кај Стружанка најефикасна беше Маја Раткушиноска со 6 гола.
(фото – ЖРК Ѓорче Петров 2)📷








