Екипите на Металург Автокоманда и Ѓорче Петров одиграа нерешено со конечни 23-23 во Женската Супер лига.
Иако тимот на Ѓорче Петров имаше водство сепак тимот на Металург Автокоманда на крај се избори за нерешено.
Најефикасни во редовите на Металург Автокоманда беа Ана Марија Коларовска и Марија Јанкуловска со пет гола, додека кај Ѓорче Петров најефикасни беа Бојана Коцева и Теодора Дукоска исто така со по пет гола.
(фото – ЖРК Металург Автокоманда)📷








