Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги објави судиите кои ќе судат на ЕП 2026 година во машка конкуренција.
Судиската двојка Славе Николов и Ѓорѓи Начевски и судиската двојка Димитар Митревски и Благојче Тодоровски ќе судат на ЕП 2026 година.
“Голема чест и признание за македонското ракометно судење – два македонски судиски пара се номинирани од страна на Европската ракометна федерација (ЕХФ) за претстојното машко ЕП 2026 кое ќе се одржи во Данска, Шведска и Норвешка (15 јануари – 1 февруари)”, – објавија од РФМ на социјалните мрежи.
(фото – РФМ)📷








