Пуштени се во продажба билетите за натпреварот меѓу Македонија и Словенија во квалификациите за пласман на ЕП 2026 година во женска конкуренција.
Натпреварот меѓу репрезентациите на Македонија и Словенија ќе се одигра на 19 октомври во недела со почеток од 18:00 часот во салата “Боро Чурлевски” во Битола.
Цената на билетите за натпреварот меѓу Македонија и Словенија е 100 денари, а влезници можат да се купат и на сите продажни места на МК Тикетс низ државата и онлајн на МК Тикетс.

(фото – РФМ)📷








