Екипата на Охрид за продолжението од сезоната се засили со нов ракометар, а тоа е Младен Крсманчиќ.
Српскиот интернационалец ќе биде дел од “Гладијаторите” миниум следните 8 месеци. Крсманчиќ има 33 години, 184 цм и игра на позицијата среден бек.
Има богата кариера зад себе, претходната сезона бележеше одлични настапи за екипата на Вардар, а пред тоа настапувал за Чургу (Унгарија), Анаитасуна (Шпанија) како и за српските Југовиќ, Слога и Железничар. Искусниот среден бек има настапи за репрезентацијата на Србија за сениорскиот тим и сите младински категории.
“Драго ми е што станав дел од РК Охрид во моментот кога амбициите на клубот растат. Многу ми се допаѓа визијата на клубот и ќе дадам се од себе да ја оправдам довербата која ми е пружена. Се надевам во наредниот период РК Охрид ќе испише историски успеси и во домашното првенство и на европската сцена како би ги израдувале нашите навивачи” – изјави Младен Крсманчиќ.
(фото – ГРК Охрид)📷











