Ракометниот караван организиран од Ракометната Федерација на Македонија (РФМ) продолжува во Битола.
На 18 октомври со почеток од 14:30 часот во салата “Боро Чурлевски”, во Битола ќе биде следната станица на ракометниот караван организиран од Ракометната Федерација на Македонија.
Специјални гости на настанот ќе бидат ракометарите на Еурофарм Пелистер, Никола Митревски и Филип Кузмановски, исто така ќе биде гостин и Гордана Нацева.

(фото – РФМ)📷








